Откровение 12:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина – венец од дванаесет ѕвезди.

2. Таа беше бремена и викаше од породилни болки, и се мачеше да роди.

3. Потоа се јави друг знак на небото. Ете, голем црвен змев со седум глави и десет рогови, а на главите негови седум круни;

4. опашката негова повлече една третина од небеските ѕвезди и ги фрли на земјата. Змевот застана пред жената, која сакаше да роди, та, кога ќе роди, да го изеде детето нејзино.

5. И таа роди машко дете, кое ќе ги па­се сите народи со железен жезол; и детето нејзино беше грабнато и однесено кај Бога и Неговиот престол.

6. А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена.

7. И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив;

8. но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото.

Откровение 12