12. Тогаш тие ќе чујат висок глас од небото како им вели: „Искачете се ваму!“ И тие ќе се искачат на небото во облаци, и непријателите нивни ќе ги видат.
13. Во тој час ќе настане голем земјотрес и една десетина од градот ќе се сруши; а од земјотресот ќе загинат седум илјади човечки имиња: другите, пак, ќе се исплашат и ќе Му оддадат слава на небесниот Бог.
14. Второто зло мина. Ете, брзо иде третото зло.
15. Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: „Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Тој ќе царува во сите векови!“
16. И дваесет и четирите старешини, кои седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога,
17. велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Седржителе, Кој си, Кој беше и Кој ќе бидеш, зашто ја прими Својата голема сила и се зацари!