Откровение 10:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И видов друг силен ангел како слегува од небото, обвиен со облак, над главата виножито, а лицето негово беше како сонце, додека нозете како огнени столбови;

2. во раката своја тој држеше отворена книшка; и ја постави својата десна нога над морето, а левата – над земјата;

3. и извика со висок глас, како што ри­ка лав; а кога извика, седум громови проговорија со своите гласови.

4. И кога седумте громови проговорија со своите гласови, сакав да пишувам. Но чув глас од небото, кој ми зборува­ше: „Запечати го тоа што го зборуваа седумте громови, и немој да го пишу­ваш!“

5. И ангелот, кого го видов како стои над морето и над земјата, крена рака кон небото

6. и се заколна во Оној Кој живее во вечни векови и Кој го создал небото и сѐ што е на него, земјата и сѐ што е на неа, и морето и сѐ што е во него – дека не ќе има веќе време,

7. но во деновите, кога седмиот ангел ќе се огласи и ќе затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што им беше објавил Тој на своите слуги – проро­ците.

Откровение 10