Откровение 1:11-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. кој велеше: „Јас сум Алфа и Омега, првиот и последниот. Тоа што ќе го видиш, напиши го во книга и испрати го до седумте Цркви, што се во Азија: во Ефес и во Смирна, во Пергам и во Ти­атир, во Сард, во Филаделфија и во Ла­одикија!“

12. И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни свеќници,

13. а сред седумте свеќници еден, како Синот Човечки, облечен во долга облека до нозете и околу градите препашан со златен појас;

14. главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а очите Негови – како огнен пламен;

15. нозете Негови – слични на усвитена бронза, како во печка вжарена, а гласот Негов – како шум од многу води.

16. Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; лицето Не­го­во светеше како што сонцето сјае во полна сила.

17. Штом Го видов, паднав пред Не­го­вите нозе како мртов. Тој ја стави Сво­јата десна рака врз мене и ми рече: „Не плаши се! Јас сум Првиот и Последниот

18. и Живиот. Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови и ги имам клучевите од адот и смртта.

19. И така напиши што виде, што е и што има да стане по тоа.

20. Ова е тајната на седумте ѕвезди што ги виде во Мојата десница, а на седумте златни свеќници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви – а седумте свеќници, што ги виде, тоа се седумте цркви.“

Откровение 1