Матеј 8:20-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“

21. Друг, пак, од учениците Негови Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.“

22. Но Исус му рече: „Врви по мене и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!“

23. И кога Тој влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови.

24. И ете, настана голема бура во морето, така што брановите го покриваа коработ, а Тој спиеше.

Матеј 8