Матеј 6:30-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

30. Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, а колку ли повеќе вас, маловерни!?

31. Па затоа, не грижете се и не говорете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘

32. Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека од сето ова имате потреба.

33. Но, барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде.

Матеј 6