Матеј 27:33-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. И кога дојдоа на местото наречено Голгота, што значи Черепница,

34. Му дадоа да пие оцет, измешан со жолчка. Но Тој вкуси и не сакаше да пие.

35. А штом Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка;

36. па седеа таму и Го чуваа;

37. и Му кладоа над главата натпис, со вината Негова: „Овој е Исус, Царот Јудејски.“

38. Тогаш распнаа со Него и двајца разбојници; едниот од десната страна, а другиот од левата.

Матеј 27