Матеј 26:66-72 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

66. Што мислите?“ А тие одговорија и рекоа: „Заслужува смрт!“

67. Тогаш Го плукаа в лице и Го тепаа, а други Го удираа по образите

68. и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“

69. А Петар седеше надвор во дворот. И му пријде една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“

70. Но тој се одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“

71. А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус од Назарет!“

72. Но тој пак се одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“

Матеј 26