Матеј 26:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Тој им рече: „Одете в град кај тој и тој човек и кажете му: ‚Учителот вели: времето Ми наближи, кај тебе ќе ја прославам Пасхата со учениците Свои.‘“

19. Учениците постапија како што им заповеда Исус и ја приготвија Пасхата.

20. Кога се стемни, Тој седна на трпезата со дванаесетте.

21. И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“

Матеј 26