Матеј 25:9-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

9. Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: подобро одете кај продавачите и купете си!‘

10. А кога тие отидоа да купат, пристигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.

11. Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘

12. А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘

13. И така, бидете будни, зашто не го знаете ниту денот, ниту часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“

14. „Зашто, Тој ќе постапи како човекот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;

15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина.

16. Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;

Матеј 25