6. А на полноќ се чу викање: ‚Еве, младоженецот, доаѓа, излезете да го пресретнете!‘
7. Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки.
8. Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘
9. Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: подобро одете кај продавачите и купете си!‘
10. А кога тие отидоа да купат, пристигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.