Матеј 25:33-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.

34. Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ‚Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот;

35. зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте;

36. необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘

Матеј 25