Матеј 25:12-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘

13. И така, бидете будни, зашто не го знаете ниту денот, ниту часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“

14. „Зашто, Тој ќе постапи како човекот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;

15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина.

Матеј 25