1. „Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пресретнат младоженецот.
2. Петте од нив беа мудри, а петте неразумни.
3. Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло;
4. а мудрите, заедно со светилките свои, зедоа во садовите и масло;
5. и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.
6. А на полноќ се чу викање: ‚Еве, младоженецот, доаѓа, излезете да го пресретнете!‘