Матеј 24:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

13. А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен.

14. И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.“

15. „Па така, штом го видите гнасниот пустошник како стои на светото место, за која зборува пророкот Даниил – кој чита нека разбере,

16. тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат по планините;

17. кој е на покрив нека не слегува да земе нешто од куќата своја;

Матеј 24