Матеј 23:28-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

28. Така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.“

29. „Тешко вам книжници и фарисеи, лицемери, зашто им ѕидате гробници на пророците и ги украсувате спомениците на праведните,

30. па велите: ‚Да живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците.‘

31. А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние што ги убиле пророците.

32. Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши!

Матеј 23