Матеј 22:41-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

41. И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша

42. и рече: „Што мислите за Христос? Чиј син е Тој?“ Му одговорија: „Давидов.“

43. Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот Го нарече Господ, велејќи:

44. ‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘

45. И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш може Тој да Му е син?“

Матеј 22