Матеј 22:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Повторно испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: ‚Ете, приготвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадбата!‘

5. Но тие го пренебрегнаа тоа и си отидоа: едни на нива, други по трговијата своја;

6. а останатите, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмејаа и ги убија.

7. Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го запали нивниот град.

Матеј 22