Матеј 22:22-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. И штом го чуја тоа, тие се восхитија и откако го оставија, си отидоа.

23. Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа,

24. говорејќи: „Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека му подигне потомство на својот брат!‘

25. Кај нас имаше седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си;

26. исто така направи и вториот, и третиот, сѐ до седмиот;

Матеј 22