Матеј 22:10-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. И излегоа слугите по патиштата, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.

11. Кога влезе царот да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбена облека.

12. Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена облека?‘ А тој молчеше.

13. Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби!‘

14. зашто, мнозина се повикани, а малкумина избрани.“

Матеј 22