Матеј 21:40-46 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

40. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие лозари?“

41. Му одговорија: „Злосторниците жестоко ќе ги погуби, а лозјето ќе го даде на други лозари што ќе му ги даваат плодовите навреме.“

42. А Исус им рече: „Зар никогаш не сте читале во Писмата: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник: тоа е од Господ и чудесно е во очите наши.‘

43. Затоа ви велам дека царството Божјо ќе биде земено од вас и ќе се даде на народ што ги принесува неговите плодови.

44. И кој падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“

45. И слушајќи ги Неговите параболи, првосвештениците и фарисеите разбраа дека говори за нив,

46. па настојуваа да Го фатат; но се плашеа од народот, зашто Го сметаа за пророк.

Матеј 21