Матеј 21:33-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. „Чујте друга парабола! Беше еден човек домаќин, кој насади лозје, го загради со плот, ископа во него бунар, направи кула и, откако им го предаде на лозарите, си отиде.

34. И кога наближи времето за берба, тој ги испрати кај лозарите своите слуги за да ги земат плодовите негови.

35. Но, лозарите, ги фатија неговите слуги, едниот го претепаа, другиот го убија, а третиот со камења го засипаа.

36. Тој повторно испрати други слуги, повеќе од првите; но и со нив постапија исто.

Матеј 21