1. А кога наближија до Ерусалим и дојдоа до Витфагија, кај Маслиновата Гора, Исус испрати двајца ученици
2. и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана магарица и младо магаре со неа; одврзете ги и доведете Ми ги!
3. А ако некој ви рече нешто, кажете му дека Му се потребни на Господ, и веднаш ќе ги прати.“
4. А сето тоа стана за да се исполни кажаното преку пророкот, кој вели:
5. „Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот цар доаѓа кај тебе кроток и седи на магарица и младо магаре, син на подјаремница.“
6. Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус.
7. Ги доведоа магарицата и младото магаре и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Тој седна над нив.
8. А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот;
9. а народот што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово! Осана во висините!“