Матеј 20:31-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

31. А народот ги укоруваше да молчат; но тие уште посилно викаа и велеа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“

32. Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да сторам за вас?“

33. Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите наши.“

34. И Исус се смилува и се допре до нивните очи, и веднаш им прогледаа очите нивни; и тие тргнаа по Него.

Матеј 20