Матеј 20:23-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

23. И им рече: „Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, не е Мое да дадам, туку кому е подготвено од Мојот Отец.“

24. И десетте, штом го чуја тоа, негодуваа против двајцата браќа.

25. Но Исус ги повика и им рече: „Знаете дека кнезовите народни господарат над народите, и големците владеат над нив;

26. меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;

27. и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга;

Матеј 20