Матеј 2:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во времето кога царуваше Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток и рекоа:

2. „Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.“

3. Штом го чу тоа, царот Ирод се вознемири и цел Ерусалим со него.

4. И кога ги собра сите првосвештеници и книжници народни, ги праша: „Каде ќе се роди Христос?“

Матеј 2