Матеј 19:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. И откако ги положи рацете над нив, си отиде оттаму.

16. И ете, еден човек, кога пристапи до него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“

17. А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“

Матеј 19