Матеј 18:19-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата;

20. зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив.“

21. Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: „Господи, колкупати да му простам на брата ми, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?“

22. Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум.“

23. „Затоа царството небесно прилега на цар кој сакал да ја расчисти сметката со своите слуги.

24. Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа кај него еден што му должеше десет илјади таланти;

25. па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сѐ што имаше, за да наплати.

26. Тогаш тој слуга падна и му се поклонуваше говорејќи: ‚Господаре, стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти платам.‘

27. А господарот на тој слуга се смилува, го пушти и му го прости долгот.

28. Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто денарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ‚Врати ми што ми должиш!‘

29. Тогаш неговиот другар падна пред нозете негови, го молеше и велеше: ‚Стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘

30. Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека не му го исплати долгот.

31. Другарите, пак, негови, кога видоа што се случи, многу се натажија, па откако отидоа, му кажаа на својот господар за сѐ што се случи.

Матеј 18