Матеј 18:11-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. Зашто Синот Човечки дојде да го бара и спаси загубеното.

12. Што мислите? Ако некој човек има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената?

13. Па, ако ја најде, вистина ви велам, ве уверувам дека ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени.

14. Така, не е волја на вашиот Отец небесен да загине ниедно од овие мали.“

Матеј 18