5. А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, дар е‘,
6. тогаш тој може и да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание!
7. Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи:
8. ‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене;
9. но напразно Ме почитува, учејќи со човечки учења и заповеди.‘“
10. И откако ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете!
11. Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.“
12. Тогаш Неговите ученици Му пристапија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“
13. А Тој, одговарајќи им, рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне;
14. оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, обата ќе паднат во јама.“
15. Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“