Матеј 15:24-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на домот израилев.“

25. Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!“

26. Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“

27. Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на своите господари.“

Матеј 15