12. Тогаш Неговите ученици Му пристапија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“
13. А Тој, одговарајќи им, рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне;
14. оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, обата ќе паднат во јама.“
15. Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“
16. А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате?
17. Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрлува надвор?
18. А она што излегува од устата, излегува од срцето и тоа го осквернува човекот;