Матеј 13:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија.

7. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.

8. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.

9. Кој има уши да слуша, нека чуе.“

10. И кога пријдоа до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“

Матеј 13