Матеј 13:55-58 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

55. Нели е Овој син на дрводелецот? Мајка Му нели се вика Марија, и браќата Негови – Јаков и Јосија, Симон и Јуда?

56. И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Него?“

57. И се соблазнуваа заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.“

58. И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.

Матеј 13