Матеј 13:4-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги ис­кол­ваа.

5. Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше длабока.

6. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија.

7. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.

8. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.

9. Кој има уши да слуша, нека чуе.“

10. И кога пријдоа до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“

11. А Тој им одговори и рече: „Затоа вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.

Матеј 13