Матеј 13:33-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. И друга парабола им кажа: „Царството небесно прилега на квас, што го зема жена и го клава во три мери брашно, дури не скисне сето.“

34. Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо;

35. за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: „Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“

36. Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците Му пристапија и Му рекоа: „Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!“

37. А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.

38. Нивата е светот; доброто семе се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот;

39. Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите.

40. И така, како што се собира каколот и се гори во оган, така ќе биде и при крајот на овој свет.

Матеј 13