Матеј 13:15-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. срцето на овие луѓе закоравело и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои за да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да се покајат и да ги исцелам.‘

16. Вашите, пак, очи се блажени, бидејќи гледаат и ушите ваши – бидејќи слушаат;

17. зашто вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“

18. „Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот.

Матеј 13