Матеј 13:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Во тој ден, откако Исус излезе од куќата, седна покрај морето.

2. И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот.

3. И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее;

4. и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги ис­кол­ваа.

5. Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, зашто земјата не беше длабока.

6. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија.

7. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши.

8. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.

9. Кој има уши да слуша, нека чуе.“

10. И кога пријдоа до Него учениците, Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“

Матеј 13