Матеј 12:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Или, не сте ли читале во Законот дека во сабота свештениците ја нарушуваат саботата и пак не се виновни?

6. Но Јас ви велам дека тука е Оној Кој е поголем од храмот;

7. и, ако знаевте што значи: ‚Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините;

8. Зашто Синот Човечки е господар и на саботата.“

9. И штом замина оттаму, дојде во синагогата нивна.

Матеј 12