11. А Тој им рече: „Кој е тој од вас, ако има една овца и таа падне во сабота во јама, што не ќе ја прифати и извади?
12. А колку ли, пак, човекот е поскап од една овца!? И така во сабота е допуштено да се прави добро.“
13. Тогаш му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ И тој ја испружи. И таа стана здрава како и другата.
14. А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус кога разбра, замина оттаму.
15. И по него одеше многу народ и Тој ги исцели сите.
16. И им забрани да разгласуваат за Него.
17. За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели:
18. „Ете Го слугата Мој; Него Го избрав, Мојот возљубен, Којшто е по благоволението на Мојата душа. Ќе го положам Духот Свој над Него и на народите ќе им објави суд;
19. Нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов по крстопатите.
20. Трските прекршени нема да ги докрши, ниту светилата кои тлеат ќе ги угасне, додека не го доведе судот до победа.