Матеј 10:39-42 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

39. Кој си го чува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, ќе го најде.“

40. „Кој ве прима вас, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил.

41. Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда.

42. И кој ќе напои еден од овие безначајни само со чаша студена вода во име на ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“

Матеј 10