Матеј 10:35-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

35. Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.

36. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.

37. Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;

38. и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.

Матеј 10