33. А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец, Кој е на небесата.“
34. „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч.
35. Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.
36. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.
37. Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
38. и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.
39. Кој си го чува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, ќе го најде.“
40. „Кој ве прима вас, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил.
41. Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда.
42. И кој ќе напои еден од овие безначајни само со чаша студена вода во име на ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“