Матеј 10:21-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко – чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат;

22. и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.

23. Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите израилевите градови додека дојде Синот Човечки.

24. Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар;

25. Доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни!?“

26. „И така, не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено што не ќе се открие, или тајно, што нема да се дознае.

27. Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите!

28. И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку плашете се повеќе од Оној Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот!

Матеј 10