Матеј 10:20-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

20. Бидејќи не сте вие што ќе говорите, туку Духот на вашиот Отец ќе говори преку вас.

21. И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко – чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат;

22. и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.

23. Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите израилевите градови додека дојде Синот Човечки.

24. Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар;

Матеј 10