Матеј 1:23-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

23. „Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“

24. Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими за своја жена.

25. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

Матеј 1