Матеј 1:16-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.

17. И така, сите родови од Авраам до Давид се четиринаесет; и од Давид до преселувањето во Вавилон се четиринаесет родови; а и од преселувањето вавилонско до Христос – родови четиринаесет.

18. А раѓањето на Исус Христос стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека зачнала од Светиот Дух.

19. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.

20. Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, твојата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

21. Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.“

22. А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:

23. „Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!“

24. Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими за своја жена.

25. И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

Матеј 1