7. И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го!“
8. И одеднаш, кога погледнаа наоколу, никого веќе не видоа покрај себе, освен Исус.
9. А кога слегуваа од гората, им заповеда никому да не кажуваат што виделе, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.
10. И го задржаа тој збор во себе, прашувајќи се еден со друг што значи тоа: „Да воскресне од мртвите?“
11. И Го прашаа, велејќи: „А зошто книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“
12. А Тој, пак, одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понизен.
13. Но ви велам дека и Илија дојде, како што е напишано за Него, и му направија што сакаа.“
14. И кога дојде кај учениците Свои, виде многу народ околу нив и книжници, кои се препираа со нив.
15. И штом Го виде, сиот народ се зачуди; и притрчувајќи, Го поздравуваа.
16. Ги праша книжниците: „Зошто се препирате со нив?“
17. Тогаш еден од народот одговори и рече: „Учителе, го доведов кај Тебе син ми, во кого има нем дух;