45. И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот, во неизгасливиот оган,
46. каде што нивниот црв не умира ниту огнот не изгаснува.
47. И, ако окото твое те соблазнува, извади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во огнениот пекол,
48. каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.
49. Зашто секој со оган ќе се посоли, и секоја жртва со сол ќе се осоли.
50. Солта е добра; но, ако солта облутави, со што ќе ја осолите? Имајте сол во себе, и мир имајте меѓу себе!“