Марко 9:36-50 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

36. И тогаш зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:

37. „Кој прима едно од ваквите деца во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.“

38. Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој не врви по нас, а во Твое име демони изгонува, а не врви по нас; и му забранивме, зашто не оди по нас.“

39. А Исус рече: „Не бранете му, заш­то никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене.

40. Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.

41. И кој ве напои со чаша вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата на­града.“

42. „А кој ќе соблазни едно од овие ма­лите, што веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да се фрли в море.

43. И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку со две раце да отидеш во пеколот, во не­изгасливиот оган,

44. каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.

45. И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пе­ко­лот, во неизгасливиот оган,

46. каде што нивниот црв не умира ниту огнот не изгаснува.

47. И, ако окото твое те соблазнува, из­вади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во ог­нениот пекол,

48. каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.

49. Зашто секој со оган ќе се посоли, и секоја жртва со сол ќе се осоли.

50. Солта е добра; но, ако солта облута­ви, со што ќе ја осолите? Имајте сол во себе, и мир имајте меѓу себе!“

Марко 9